Ако нејќе Мухамед кај тероризмот, тероризмот ќе кај Мухамед

За еден пензиониран Чех, деноевиве осуден за тероризам. Не можејќи да дочека муслиманите да ја нападнат неговата земја, решава да ја напаѓа во нивно име.

Приказната како да е излезена од чешка комедија: 71 годишниот Јаромир Балда, електричар во пензија, деновиве беше осуден за тероризам бидејќи во летото 2017-та година, во повеќе наврати со дрвја и трупци блокирал железнички пруги. Неговите акции довеле до помали штети на возовите но за среќа не и до човечки жртви. Тоа и неговата возраст биле земени како олеснителни околности кога му е одредена 4 годишна казна затвор, помала од она што е предвидено за тероризам. Тоа на осудениот му значело малку бидејќи после изрекувањето на казната изјавил дека е згрозен од казната. Она тоа само од љубов за својата татковина.

Цаката е во мотивите на Балда, инаку фан на крајната десница и бинарната идеологија „или тие или ние“. Тој со својот тероризам само сакал да ја спаси земјата - од тероризам. Своите акции ги изведува во екот на анти-имигрантските незадоволства во Чешка и притоа на местото на злосторот остава пораки на арапски „Алах е голем“. Неговата балван - револуција била обид да се лажираат муслимански терористички напади на Чешка, за да ѝ се даде простор на државата да заземе поцврсти ставови кон имиграцијата.

Со други зборови, бидејќи муслиманите тврдоглаво не ја напаѓаа Чешка, стариот рачунал дека таа работа некој сепак треба да ја заврши па решил со своите акции да го премости јазот меѓу стварноста и неговата параноична ксенофобна идеологија.

Слична приказна има и „Ритамот на злосторот“ со Фабијан Шоваговиќ, кога еден ентузијаст за криминална статистика решава со лични криминални дела да ги поправи своите статистички проекции.

17 јануари 2019 - 09:49