99 најдобри работи што се случија во 2017

Да не биде дека тревата секогаш е позелена во следната година, Кварц составија список на вести од годинава од кои сите (или барем голем број од нас) имаат ќар и што беа масовно позитивни за човештвото.

- СЗО ја претстави новата вакцина што е доволно евтина и ефикасна за конечно да може да се искорени колерата.

- Стапката на смртни случаи од рак во САД е намалена за 25%. Смртните случаи од рак на дојка се намалени за 39%.

- Зика вирусот речиси исчезна во 2017. Бројот на заболени во Латинска Америка и на Карибите се намали на речиси нула, а најголемиот дел од луѓето во овие области се имуни на вирусот.

- Продажбата на неалкохолни пијалаци во САД паѓа 12-та година по ред, благодарејќи на едукацијата на потрошувачите и новите даноци на шеќер насочени на искоренување на дебелината и шеќерната болест.

- Предвремените смртни случаи од четирите најголеми незаразни болести - кардиоваскуларни, рак, дијабетес и респираторни - се намалени за 16% во споредба со 2000-та.

- За прв пат во историјата половина од луѓето на планетава со ХИВ добиваат терапија, а бројот на смртни случаи од СИДА е преполовен во споредба со 2005.

- Од 3,5 милиони случаи на заболување од болеста на Гвинејски црв во 1986, годинава се пријавени само 26.

- Лепрата денес лесно се лекува, и во 2017 бројот на случаи е паднат за 97% во однос на 1985. Планот е до 2020 болеста комплетно да биде излекувана.

- Американскиот Центар за контрола на болести објави дека меѓу 2000 и 2016 вакцините против сипаници имаат спасено 20,4 милиони животи.

- Бројот на смртните случаи од туберкулоза на светско ниво е намален за 37% од 2000, со што се спасени 53 милиони животи.

- Чиле одвои речиси 45 илјади квадратни километри земјиште за национални паркови.

- Кина инвестира 100 милијарди долари за прочистување вода и спречување на загадување на водата, и започна речиси 8.000 проекти за чистење на водите во земјата.

- САД, Русија, Кина и ЕУ постигнаа договор за забрана за комерцијален риболов на Арктикот во следните 16 години.

- 1,6 милиони луѓе во Индија посадија 67 милиони дрвца во рок од 12 часа.

- Провинција од Пакистан објави дека годинава го завршила 2-годишниот проект за садење на 1 милијарда дрвја, како одговор на поплавите од 2015.

- Индонезија вети дека ќе потроши 1 милијарда долари за расчистување на морињата од пластики. Кенија објави забрана за пластични кеси, а Чиле вети дека ќе го забрани нивното користење во крајбрежни градови.

- Во 2017 озонската дупка е со најмала големина од 1988.

- Во последните 3 години бројот на луѓе во Кина кои живеат под границата на сиромаштијата е намален од 99 милиони на 43,4 милиони.

- Од 2014 до 2017 275 милиони Индијци добиваат пристап до соодветна канализација и водовод.

- Шведска објави дека ќе ги укине сите издувни гасови до 2045.

- Франција престана да дава дозволи за искористување гас и нафта на цела нејзина територија, а комплетното производство се очекува да заврши до 2040.

- Дојче банк, објави дека ќе престане да финансира проекти кои вклучуваат јаглен.

- Британија, Франција и Финска се согласија до 2040 комплетно да престанат со продажба на нови бензински и дизел автомобили и комбиња.

- Во Британија, родното место на индустриската револуција, нивоата на штетни гасови од јаглен беа на најниски од 1894-та до денес. На 21-ви април земјата за прв пат во последните 140 години не користеше јаглен.

- Цента на енергија од ветерници и од сонце во 2017 падна за 25%.

- Цената на соларните електрани во САД за една година падна за 30%.

- Женскиот марш од 21 јануари 2017, стана најголемиот еднодневен протест во историјата на САД.

- На 8-ми март, Исланд стана првата држава во светот која еднаквата плата за мажи и жени ја направи задолжителна со закон.

- Саудиска Арабија објави дека на жените повеќе не им треба дозвола од мажи за патување или студирање.

- Жените денес имаат 23% од парламентарните мандати низ светот, во споредба со 12-те проценти во 1997 година.

- Падот на криминал во Холандија доведе до затворање на неколку затвори во земјата кои сега се претворени во бегалски или културни центри.

- Имигрантската популација во САД достигна 43,7 милиони луѓе, или секој осми жител на земјата, што е најголема бројка во последните 106 години.

- Глобалниот број на смртни случаи е намален за 22% во однос на пикот од 2014, благодарејќи на значителниот пад во 4 од 5-те најпогодени држави: Сирија, Пакистан, Авганистан и Нигерија.

- Снежниот леопард е тргнат од списокот на загрозени животни, откако неговата популација се зголеми на над 10.000. На списокот е од 1972.

- Тајван стана првата источно-азиска држава која забрани јадење мачки и кучиња. Законот предвидува глоба за консумација на мачки и кучиња и затворски казни за убивање и суровост кон нив.

- Германија забрани одгледување животни заради нивното крзно.

- Виетнам забрани одгледување мечки.

- Британија претстави нови планови кои ќе бараат задолжително поставување на камери за надгледување во сите кланици во земјата, како дел од спроведување на законот против суровост врз животните.

- Гучи објави дека од 2017 нема да користи крзно, и преостанатите производи со крзно ќе ги продаде на аукција.

- Индиската влада забрани користење на сите диви животни во циркуси. Истото ова подоцна го направи и италијанската влада.

Сите 99 тука

2 јануари 2018 - 15:33