За жените кои силуваат жени со своите пениси

Од кога чувствата на транс- насилниците станаа поважни од правата кои ги имаат нивните жртви?, прашува новинарката Џо Бартош која се занимава со правата на жените и децата. Работата станува комплицирана кога силувањето и натаму се одвива на стариот грозен начин, само што силувачот сега не се смета себе за маж. 

Мишел Винтерс

Освен кога се однесува на жена која поседува колекција на фалуси, граматичкиот конструкт „нејзиниот пенис“ е нонсенс. Слично како „жив мртовец“, тоа може да означува нешто што е во светот на фантазијата. Меѓутоа, “нејзиниот пенис“ станува вознемирувачки концепт кога станува дел од правниот свет.

Пред десетина дена се обелодени случај на силување кое го изведе Мишел Винтерс, маж кој се идентификува како трансџендер жена. Британскиот закон е јасен; силување е криминал кој може да биде извршен само од маж со неговиот пенис. Судијата го оцени Винтерс како опасна индивидуа, недвосмислено склона кон насилство која на своите жртви им оставила долготрајни трауми. Нејасно е дали Винтерс ќе служи казна во машки или женски затвор. 

Меинстрим медиумите инсистираа осудениот силувач да биде прозиван како женско, според неговите преференци. Додека не беа принудени да го преиначат насловот поради лавината реакции од социјалните медиуми, оригиналниот наслов во „Метро“ гласеше: „Трансџендер жена осудена на 15 години заради силување друга жена“ - зборот „друга“ укажува дека не постои битна разлика меѓу мажите кои се идентификуваат како жени и - жените.

Ваквата фразеологија е во склад со новинарското упатство кое ги прашува новинарите кои го прегледуваат својот текст „дали користиш обраќање кое самата индивидуа го користи за свој опис?“

Меѓутоа, постои битна разлика меѓу прекршочните модели кај мажите и жените. Бројките од британското министерство за здравсто од 2019 година покажуваат дека 98% од осудените за сексуално насилство се мажи. Тоа што некој маж сака да носи фустани не го менува фактот дека криминалното однесување зависи од полот а не од заменката која за себе ја користи. Настрана дилемите дали тоа повеќе зависи од социјализацијата или од тестостеронот, непријатната вистина гласи дека како група, мажите со понасилни од жените. 

За разлика од големите трансџендер лоби групи, групата „Да ги зачуваме затворите еднополови“ не добива никакви владини средства или ПР поддршка.

„Ова е психолошка манипулација со жртвите. Кога суд му се обраќа на маж во судски процес како на жена, со тоа го сокрива машкиот криминал,“ вели портпаролот на оваа организација.

Податоците за машки криминали како да биде извршувани од страна на жени носат контроверзни јадици. На пример, ББЦ неодамна извести дека меѓу 2015 и 2019 година, бројот на сексуални напади на деца од страна на жени забележал пораст од дури 84%. Но, бидејќи е политички некоректно судиите и полицајците на мажите секогаш да им се обраќаат како на мажи, доаѓа време во кое ќе стане невозможно да се дознае вистинскиот пол на предаторот.

Никола Вилијамс од групата „Ферплеј за жени“ ги анализирала бројките на кои се базираат онакви алармантни трендови и покажа дека и според статистиката која ја користи ББЦ, жените учествуваат во сексуални насилства врз деца само со 3% во вкупниот број. 

„Засенувањето на машкиот модел на злосторство може да ѝ користи само на една група, а тоа никогаш не се жртвите. Погрешните податоци се поштетни од немање податоци. Статистиката треба да информира а не да збунува,“ вели Вилијамс.

Лесно е да им се потсмеваме на последните глупости на „разбудените“ но атакот врз реалноста која ја прават трансџендер екстремистите е опасен. Јавноста има право да ја знае вистината за кривичните дела и прецизното известување и казнување се неопходни за функционална демократија. Секој треба да се запраша зошто чувствата на транс насилниците би требало да се поважни  од правата кои ги имаат нивните жртви.

Џо Бартош

*********

26 јануари 2021 - 14:30