Не заборавајте дека Советскиот Сојуз го спаси светот од Хитлер

Според една калкулација, за секој еден Американец кој загина во борба со Германците, има 80 советски војници кои загинаа правејќи го истото, пишува Ишан Тарур во текстот за Вашингтон пост.

Во јавната мечта на Западот - посебно во американската - Втората светска војна е судирот што ние сме го добиле. Тој се одвиваше на плажите на Нормандија и Иво Џима, преку рушевините на освоените француски градов, завршувајќи во сепија обоени сцени на радост и младешка љубов во Њујорк. Ова е победата оформена од челичноста на ген. Двајт Ајзенхауер, моралната срж на британскиот премиер Винстон Черчил, и неверојатната атомска бомба.

Меѓутоа овој наратив драматично се менува кога одиш во Русија, каде Втората светска војна е наречена Големата патриотска војна и е запаметена во далеку поинакво светло.

На 9-ти мај, рускиот претседател Владимир Путин ќе биде домаќин на една од најголемите московски воени паради за обележување на 70-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Ќе учествуваат над 16.000 војници, како и 140 авиони и 190 оклопни возила, вклучувајќи го и најновиот руски тенк од следната генерација.

Ова е величествен момент, меѓутоа малкумина од големите светски лидери ќе бидат во публика. Првите луѓе на Индија и Кина ќе присуствуваат, ама не и многумина од нивните колеги од Западот. Ова е одраз на напнатата геополитичка сегашност во која односите на Путин со Западот се замрзнати по години руско мешање во Украина. Кога рускиот Т-14 Армата тенк откажа за време на пробата во четвртокот, можеше да се чуе потсмевот низ Западните медиуми.

Фер или не, сегашните тензии го помрачуваат опсегот на она што се прославува: почнувајќи од 1941, Советскиот Сојуз го трпеше ударот на нацистичката воена машина и веројатно ја одигра најважната улога во Сојузничкиот пораз на Хитлер. Според една калкулација, за секој еден Американец кој загина во борба со Германците, има 80 советски војници кои загинаа правејќи го истото.

Секако, почетокот на војната беше оформен од пактот меѓу нацистите и Советите, створен за да се поделат земјите кои стоеа меѓу нивните граници. И тогаш Хитлер се сврте кон СССР.

Црвената армија беше "главниот погон за уништување на Нацизмот", пишува британскиот историчар и новинар Макс Хестингс во "Пеколот: Светот во војна, 1939-1945". Советскиот Сојуз ја плаќа највисоката цена: иако бројките не се прецизни, се проценува дека 26 милиони советски граѓани загинуваат за време на Втората светска војна, вклучувајќи и околу 11 милиони војници. Во исто време, три-четвртини од воените загуби на Германците се во борбите со Црвената армија.

"За западните сојузници беше екстремно добра среќа што Русите, а не тие самите, го платија целиот 'касапски долг' за поразување на нацистичка Германија, давајќи 95% од воените загуби на трите најголеми сили на Големата алијанса," пишува Хастингс.

Епските битки кои постепено почнаа да го одвраќаат напредувањето на нацистите - бруталната зимска опсада на Сталинград, судирот на илјадници оклопни возила во Курск (најголемата тенковска битка во историјата) - немаат свој пандан на Западниот фронт, каде нацистите испратија далеку помалку воени ресурси. Дивјаштвото што таму се практикуваше беше исто така од сосема поразличен степен отколку она што се случуваше на Западот.

За Хитлер најголемиот дел од она што денес е Источна Европа беше простор за "лебенсраум" - простор за живеење за растечката германска империја и раса. Она што потоа следуваше беше ужасен, систематски обид за чистење на народ од цели предели на континентот. Ова вклучуваше масовни масакри на европските Евреи, од кои најголемиот дел живееа источно од предвоените германски граници. Меѓутоа исто така и милиони други беа убиени, злоупотребувани, лишени од своите земјишта и оставен да гладуваат до смрт.

"Холокаустот ги засенува германските планови кои предвидуваат уште повеќе убивање. Хитлер сакаше не само да ги истреби Евреите; туку исто така сакаше и да ги уништи Полска и Советскиот Сојуз како држави, да ја истреби нивната владеачка класа, и да убие десетици милиони Словени," пишува историчарот Тимоти Снајдер во "Крвавилишта: Европа меѓу Хитлер и Сталин".

До 1943, Советскиот Сојуз во напредувањето на Нацистите веќе има изгубено околу 5 милиони војници и две-третини од своите индустриски капацитети. Тоа што тие се уште не можат да го спречат напредувањето на германската инвазија е сведоштво на храброста на советските воени напори. Меѓутоа тоа доаѓа по шокантна цена.

Во своите мемоари, Ајзенхауер е ужаснат од обемот на уништувањето:

"Кога летавме над Русија во 1945, на просторот од западните градници на земјата до околината Москва не видов ниту една куќа што се уште стои. Низ овој разрушен регион, како што ми кажа маршал Жуков, толку голем број на жени, деца и старци се убиени што руската влада никогаш нема да може да го процени вкупниот број."

Секако, како што документира Снајдер, и Советскиот Сојуз под Сталин исто така на себе ја има крвта од милиони луѓе. Во годините што и претходеа на Втората светска војна, сталинистичките чистки доведоа до смрт и изгладнување на милиони. Ужасите беа само надополнети до нацистичката инвазија.

"Советска Украина, Советска Белорусија, и ленинградската област, простори на кои сталинистичкиот режим изгладне и уби околу четири милиони луѓе во претходните осум години, а во кои Германците успеаа да изгладнат и убијат дури и повеќе за половина време," пишува Снајдер. Според него меѓу 1933 и 1945 на "крвавилиштата" - обемната територија на периферијата од советскиот и нацистичкиот свет - убиени се 14 милиони цивили.

Според одредени сведоштва, 60% од советските домаќинства изгубиле член од своето најблиско семејство.

За соседите на Русија, тешко е да се оддели советскиот триумф од децении доминирање во Студената војна кои следуваат. Човек исто така може да јадува околу начинот на кој загубите на минатото го формираат мускулестиот руски национализам кој сега е промовиран од Путин и неговите сојузници од Кремљ. Меѓутоа не треба да заборавиме дека Советите победија во Втората светска војна во Европа.

Ишан Тарур