Јанис Варуфакис

Нацрт за грчкото заздравување

Месеците преговори меѓу нашата влада и ММФ, ЕУ и ЕЦБ донесоа многу малку напредок. Една од причините е што сите страни се премногу фокусирани на обврските кои треба да бидат поврзани со следната инекција за ликвидност а не доволно со визијата за тоа како Грција може да заздрави и да развие одржливост. Ако сакаме да го надминеме сегашниот ќорсокак, мора да предвидиме здрава грчка економија.

Одржливото заздравување бара синергија на реформи кои ќе го ослободат значителниот потенцијал на земјата со тоа што ќе ги отстранат тесните грла во неколку области: продуктивни инвестиции, достапност на кредити, иновација, конкуренција, социјална заштита, јавна администрација, судство, пазар на труд, култура, и последно, ама не и најмалку важно, демократско владеење.

7 години на дефлација на долгот, засилена со очекувањето за вечно штедење, ги десеткуваа приватните и јавните инвестиции и ги присилија загрижените, фрагилни банки да престанат на позајмуваат. Со влада без фискален простор, и грчки банки оптоварени со неуспешни позајмици, важно е да се мобилизираат преостанатите капацитети на државата и да се деблокира протокот на кредити од банките до здравите делови на приватниот сектор.

За инвестициите и кредитите да се вратат на нивоа прикалдни за економски напредок, на Грција ќе и требаат две нови јавни институции кои паралелно ќе работат со приватниот сектор и со европските институции: банка за развој која ќе го искористува јавниот имот и "лоша банка" кој ќе му овозможи на банкарскиот систем да се ослободи од бескорисните долгови и да го воспостави протокот на кредити кон профитабилните, извозно ориентирани компании.

Замислете банка за развој која подига дополнително осигурување составено од пост-приватизационен имот задржан од државата и останат имот (на пример, недвижнини) чија вредност лесно може да биде крената (и претворена во дополнително осигурување) со реформа на нивните сопственички права. Замислете дека таа води кон Европската инвестициска банка и инвестицискиот план за грчкиот приватен сектор од 315 милијарди евра на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. Наместо на ова да се гледа како на распродажба на имот за пополнување на фискалните дупки, приватизацијата ќе биде дел од грандиозното јавно-приватно партнерство за развој.

Замислете дополнително дека "лошата банка" му помага на финансискиот сектор, кој е великодушно рекапитализиран од заглавените Грчки даночни обврзници кои се во центарот на кризата, да се ослободи од наследството на неуспешни позајмици и да се одзатне нивниот финансиски водовод. Во согласност со добронамерното влијание на банката за развој, кон досега непродуктивните области на грчка економија ќе почнат да течат кредити и инвестиции, кои со тек на време ќе помогнат лошата банка да почне да создава профит и да стане "добра."

На крај, замислете го ефектот на сето ова врз финансискиот, фискалниот и социјалниот екосистем на Грција: со акциите на банките на највисоки нивоа, државните загуби од рекапитализацијата ќе бидат згаснати како што имотот во нив почнува да расте на цена. Во меѓувреме, дивидендите на банката за развој ќе бидат пренасочени во долгорочно настраданите пензиски фондови, кои беа изненадно де-капитализирани во 2012-та (што се должеше на намалувањето на нивниот имот што го имаа во грчки владини обврзници).

Во ова сценарио, задачата за засилување на социјалната заштита ќе биде комплетирана со обединување на пензиските фондови; бранот на нови членови кој ќе следува по растот на вработувањето; и враќањето на формален статус за оние вработени кои беа протерани во неформалност од бруталната дерегулација на пазарот на труд во мрачните години на неодамнешното минато.

Човек лесно може да ја замисли Грција како силно закрепнува како резултат на оваа стратегија. Во свет со ултра низок повраток на инвестиции, Грција ќе биде сметана за сјајна шанса, одржувајќи стабилен тек на странски директни инвестиции. Меѓутоа зошто ова би било поразлично од капиталните приливи пред 2008-ма кои само го засилија растот финансиран од долгови? Дали може да биде избегната уште една макроекономска пирамидална шема?

За време на пирамидалниот раст, текот на капиталот преку комерцијалните банки беше насочен кон потрошувачкото лудило, а од државата во оргија на сомнителни набавки и безразумно трошење. За да се осигуриме дека овој пат е поразлично, Грција ќе треба да го реформира својот социјален, економски и политички систем. Создавање на нов балон не е како нашата влада го замислува развојот.

Напротив, овој пат новата банка за развој ќе го преземе водството во насочување на оскудните домашни ресурси во одбрани продуктивни инвестиции. Ова ќе вклучува стартап, ИТ компании кои ќе користат локален талент, мали и средни компании за органско земјоделство, извозно ориентирани фармацевтски компании, обиди да се привлече меѓународната филмска индустрија на грчките локации, и образовни програми кои ќе го искористат интелектуалниот капацитет на Грција и уникатните историски локации.

Во меѓувреме грчките регулатори ќе треба внимателно да пазат над комерцијалното кредитирање, додека кочница за долгови ќе ја спречи нашата влада да се оддаде на старите, лоши навики, осигурувајќи дека нашата држава никогаш повторно нема да влезе во примарен дефицит. Картели, анти-конкурентско фактурирање, неразумно затворени професии, и бирократија која традиционално ја претвори државата во јавна напаст наскоро ќе откријат дека нашата влада е нејзиниот најголем непријател.

Бариерите на растот во минатото беа зла алијанса меѓу интересите на олигарсите и политичките партии, скандалозни набавки, клиентелизам, перманентно упропастени медиуми, претерано услужни банки, слаби даночни власти, и оптоварено, уплашено судство. Единствено јасното светло на демократската транспарентност може да отстрани такви препреки; нашата влада е решена да помогне ова светло да продолжи да свети.

Јанис Варуфакис

7 мај 2015 - 12:25