Грчки поглед од лево:

Кувелакис: „Македонското“ прашање

Во овој судир, Грција очигледно е посилниот играч. За да го сопре националистичкиот бран, потребно е таа да престане со тактиката на тероризирање и понижување на својот сосед. Вистинските непријатели на грчкиот народ не се наоѓаат во Скопје, туку во Берлин, Франкфурт, Брисел, Париз... и се разбира, во самата Грција.

Во средиштето на траумите на грчкиот народ се наоѓа капитализацијата на владата на Сириза, и тоа само неколку дена после референдумот на кој со дури 62% од гласовите беа одбиени мерките на штедење кои ги наметнуваше ЕУ. Чувствата на предавство и длабоко понижување дополнително се засилени со имплементацијата на дополнителните мерки за штедење, константната економска стагнација, продажбата на преостанатиот државен имот и емигирањето на стотици илјади високообразовани Грци.

Во општеството кое длабоко е зафатено со деморализирачка идеолошка конфузија, за повеќето луѓе, разликите меѓу левицата и десницата се губат. Соодветно на тоа, протестите против имагинарната продажба на името Македонија, всушност се начин на кој грчкиот народ ја одбива вистинската продажба на основните барања на обичните Грци, која ја изведоа сите влади во изминатата деценија. Ова е очигледно опасна ситуација, во која латентната, но прилично длабока политичка криза може да им користи на авторитарни и реакционерни сили, што води кон понатамошна нестабилност.

Актуелното помрднување од мртвата точка не е можно без признавање на правото на  македонскиот народ на самоопределување и деноминација, односно самостојно одредување на името на својата земја. „Комбинираното име“ изгледа како прагматичен компромис но исто така пружа можност за дополнително јакнење на опозицијата од двете страни на границата. Ова решение го прифатија политичките елити, кои комплетно се подложни на неолибералните и западни интереси. Оттука, тоа повеќе се чини како резултат на притисокот на надворешните сили отколку како искрена намера да се живее мирно. На тој начин останува отворена можноста за развој на понатамошен презир и чувство на недоверба и ривалство меѓу двете земји.

Во овој судир, Грција очигледно е посилниот играч. За да го сопре националистичкиот бран, потребно е таа да престане со тактиката на тероризирање и понижување на својот сосед. Меѓутоа политичката елита не е способна за таа задача. Заради тоа повеќе од потребно е силите на грчката левица да ја надминат својата разединетост и импотенција, да извлечат поуки од минатото за да му понудат прогресивна алтернатива на незадоволниот народ. Неодминлив услов за ова преставува одбивање на каков било национализам во одбрана на националната сувереност и отпор кон странските сили кои се одговорни за очајната состојба во државата.

Вистинските непријатели на грчкиот народ не се наоѓаат во Скопје, туку во Берлин, Франкфурт, Брисел, Париз... и се разбира, во самата Грција.

Статис Кувелакис

23 април 2018 - 16:17