Започна големата наградна игра на Еуролинк oсигурување

Започна големата наградна игра на Еуролинк осигурување.
„Купи онлајн патничко осигурување и освој бесплатно патување".

Во наградната игра учествуваат сите оние што до 31 јули ќе купат онлајн патничко осигурување преку интернет-продавницата на Еуролинк осигурување на www.eurolink.com.mk.

Еуролинк осигурување најсреќните седуммина ќе ги награди со викенд за двајца во Р. Грција.
„Го штедиме времето на нашите онлајн-корисници, со тоа што овозможуваме 24/7 достапност до полиса, во време и место кое најмногу им одговара. Нашите клиенти сè повеќе ги чувствуваат предностите од можноста да купат осигурување онлајн, особено пред заминување на летните одмори кога се соочуваат со недостиг од време за сите потребни подготовки. Затоа, се одлучивме за промоција на онлајн-купувањето за кое расте потребата од година во година и преку наградната игра очекуваме сè поголемо актуелизирање на овој начин на купување полиси за осигурување кај нашите граѓани", изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Среќните добитници ќе се извлекуваат по случаен избор секоја недела и ќе бидат објавени на официјалната интернет-страница и „Facebook"- страницата на Еуролинк.

За повеќе информации околку Правилата на наградната игра посетете ги официјалната интернет-страница: www.eurolink.com.mk и „Facebook"- страницата на Еуролинк осигурување www.facebook.com/eurolinkmk.

Со почит,
Еуролинк осигурување

(комерцијална објава)

13 јуни 2016 - 13:58