Tonino Lamborghini за идеална кафе-пауза

Што ја прави една кафе-пауза идеална? Се разбира, кафето, го има тој смирувачки, а истовремено забрзувачки ефект на вашето тело и мозок. Откако ќе се уверите дека едно еспресо во денот ви ги пружа овие бенефити, одберете го брендот  на кафе кој најмногу ви се допаѓа.

Моментот кога ќе го пробате еспресото на Tonino Lamborghini ќе имате ново и омилено кафе- искуство. Овој бренд со сигурност ќе ви го претстави гурманското уживање во кафето со стил.

Направете неколку минутна пауза од работа за да испиете еспресо Tonino Lamborghini чиј вкус ја преточува италијанската префинетост и хедонизам.

Водени од значајноста на кафе-културата и потребата за ќеифска кафе –пауза во денот, семејството Ламборџини започнува да произведува низа нови искуства за љубителите на квалитетно еспресо. Црна мешавина од Alta Mogiana Арабика и високo квалитетна Робуста или Црвена мешавина на Арабика од Централна Америка и Бразил со допир на Робуста, Платинум Мешавина на Арабика Сантос од Бразил во комбинација со Арабика од Централната Америка, Tonino Lamborghini  не отстапува од избалансиран, полн вкус, интензивна арома и автентичен шмек.

Првиот бенефит по испиено еспресо  Tonino Lamborghini  по ваш вкус, е поголема физичка и ментална благосостојба. Никој не е во можност да работи со саати без да се измори, затоа и мал момент на релаксација може да го подигне вашето расположение и продуктивност.

Но, она што најмногу ни е потребно на сите е социјализацијата. Најголемата придобивка од кафе-паузата е дружењето со колегите и пријателите. Краток разговор на незадолжителни теми со колегите и пријателите, убаво подготвено кафе и свеж воздух... тоа е формулата за брзо закрепнување од летаргијата што понекогаш не обзема во текот на работниот ден.

Кафе- паузите се момент за споделување на идеи, различни мислења на теми, дискусии за актуелни случувања или едноставен разговор за тоа како сте го поминале изминатиот викенд. Тоа се кратки, но континуирани тим-билдинзи на работното место - корисни за сите.

(комерцијален текст)

9 февруари 2017 - 13:59