Павле Камилоски: Музика преточена во живот

Музиката покрај тоа што е извор на емоционалната состојба, таа е и искра на интелектуална љубопитност. Вистинската музика не знае за границите на конвенционалното секојдневно кршејќи ги оковите на очекувањата. Таа раѓа култури и создава индивидуалци кои со својата креативност и талент ги исполнуваат недостатоците на општеството исполнувајќи ги со љубов, елација, интерес, опуштање, разбирање и уживање.

Цврсто убеден во совршенството на музиката, Павле Камилоски, автодидактички македонски баритон со организирање на Мала Италија патува на плоштад Мајка Тереза на 20ти јуни во 20.00 часот цели кон 3то исполнување на својата љубов кон музиката.

Павле Камилоски преку својата работа во областа на хотелиерството, која го носи на различни страни во светот, во 2012 година го има својот прв аматерски настап на Seaborne Yachting Club. Од тогаш до денес, тој работи на усовршување на својот вроден талент и посетува приватни часови по соло пеење кај професор Горан Начевски, а се има запознаено и работено со Раме Лахај, еден од најпознатите и најбараните европски тенори.

Првиот настап се случи во 2015 година, во Музејот на град Скопје каде што Павле и Христо ја освоија публиката уште со првата соло изведба. Музиката е движечка сила во животот на Павле Камилоски, а операта е главниот „виновник“ за тоа. Музиката може да биде пасија, а некому и водилка во животот. На Павле Камилоски, музиката му отвори нови хоризонти и разви љубов која може да се карактеризира само како совршена. Пеењето за него е комплетно уживање, работа која го прави среќен и го исполнува во целост. Тоа буди посебно чувство кај Павле и пред 4 години чувството излезе на површина. Тој дал се од себе да го прави тоа што го сака, да пее. Постојат стотици видови на музика, но опусот на операта и ритамот на различните култури поттикнува нешто специфично и истрајно, никогаш заборавно.

За време на Мала Италија патува Павле како баритон заедно со Христо Арсовски како драмски тенор, Горан Начевски како баритон, Бисера Чадловска како диригент и камерен оркестар ќе ги претстават шпанската, италијанската и француската култура преку најпознатите канцони, шансони и шпански песни. Специфичноста на овој настан е водена од тоа што индивидуалци ќе ги споделат чувствата на три култури стари илјадници години. Павле очекува Мала Италија патува да е настан кој никогаш нема да го заборави.

(комерцијален текст)

19 јуни 2017 - 09:58