Охридска банка Сосиете Женерал – најдобра банка во Македонија за 2017 година според Euromoney

Интернационалниот финансиски магазин „Еurоmoney“, со седиште во Лондон, ја награди Охридска банка Сосиете Женерал за „Најдобра банка во Македонија“ за 2017 година, втора година по ред.

Реномираниот финансиски магазин „Euromoney”, втора година по ред и ја додели наградата на Охридска банка Сосиете Женерал за „Најдобра банка во Македонија“ за 2017 година.

Со доделувањето на оваа значајна награда, „Euromoney” го потврди и уважи континуираниот развој на Банката на сите нивоа кој придонесе за остварените финансиски резултати. Воедно, постигнатите успешни резултати се показател и за задоволството на клиентите и вработените во Банката.

Платформата на „Euromoney“ за избор на најдобра банка, оценува голем број на банки во повеќе од 100 земји во светот, а самото оценување го прави врз основа на постигнатите деловни успеси во полето на банкарското работење. Повеќе од 50.000 банкарски клиенти годишно активно учествуваат во барем едно од многуте истражувања што „Еurоmoney“ ги прави на полето на девизните пазари и размена, приватното банкарство и во управувањето на готовинските текови, а кои според квалитетот и објавените резултати се препознаени и признати како најважни и најреферентни во целокупниот банкарски сектор.  

Признанието добиено од  Еurоmoney е потврда за довербата од нашите клиенти, како нивен сигурен и долгорочен финансиски партнер. Иднината предводена од дигиталниот развој и трансформации, модернизираните потреби на клиентите, ги насочи активностите на нашата банка во правец на развој и имплементација на иновативни решенија и понуди. Па така, за напредните потреби на населението, разните индустрии, бизниси, од мали до големи интернационални компании на пазарот, остануваме и понатаму нивна сигурна потпора, креирајќи нови поглавја за воспоставување на банка на  иднината. Главната цел на Банката е да биде избрана не само поради своите уникатни производи и услуги, туку и поради професионализмот, посветеноста и посебниот однос кон своите клиенти. Особено не радува што ваквата определба носи успеси и ја истакнува конкурентната позиција која Охридска банка Сосиете Женерал ја има на македонскиот пазар.”, изјави Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.

Банката продолжува да го поддржува развојот на мали и средни претпријатија и претприемачи во Македонија, како и на големите домашни и меѓународни компании, истовремено, посветувајќи особено внимание на подобрување на квалитетот на услугите кои ги нуди на населението.

Оваа награда е втора последователна награда за Банката оваа година, и истата, се придружува кон наградата добиена во април 2017 од реномираната публикација на Светска Банка од Вашингтон “Global Finance” за „Најдобра банка во Македонија“ за 2017. Исклучителен успех е што овие награди ги продолжуваат достигнувањата од минатата година кога Банката ги доби наградите за „Најдобра банка во Македонија“ за 2016 од најважните банкарски авторитети - “Global Finance”, “Euromoney” и “The Banker”.

(комерцијален текст)

21 јули 2017 - 14:56