Македонски фотограф поканет на Венецијанското биенале

Битолчанецот кој живее во Бразил, Милчо Пипин, од Европскиот културен центар и фондацијата ГАА добил официјална покана да учествува на Венецијанското биенале 2018, со изложба на тема "Time Space Existence", како дел од 16-ата Меѓународна архитектонска изложба во Венеција. 

Избрани се 30 фотографи и 160 архитекти од светот, изложбата ќе биде поставена на простор од 3000 м2, а се очекуваат околу 500.000 посетители. Настанот започнува на 26/05/18 па се до 25/11/18.

„Ја забележавме вашата работа и би сакале да ве прашаме дали би биле заинтересирани да покажете еден од вашите проекти на изложбата. Внимантелно го прегледавме вашето онлајн портфолио и го цениме високиот квалитет на вашите фотографии како и разновидноста на вашите проекти“, пишуваат ГАА во поканата.

Сè уште не е решено со кои фотографии ке учествува, но можно е со некои од проектите на Оскар Нимаер во Бразилија.

*****

Милчо Пипин на Офф.нет

22 февруари 2018 - 13:23