Концерт Фамилија 5+

Чест ни е да ви ја најавиме серијата големи концерти на 5+ Бенд во Македонскиот Народен Театар, почнувајќи од 15-ти декември. Влезниците за концертите можат да се набават на билетарата на Македонскиот Народен Театар.

Музичката група 5+ Бенд ја сочинуваат омилените ликови од најгледаната детска телевизиска серија „5+ Фамилија", којашто се емитува на Tелевизија Телма. Песните кои се наоѓаат на репертоарот на 5+ Бенд се внимателно одбрани, со цел да се оддаде почит на дел од најважните македонски поп-рок евергрини, на некои регионални хитови, како и на интернационални песни кои оставиле белег на многу генерации. Мисијата на 5+ Бенд е истите да ги "рециклира", за и новите генерации да уживаат во среќните ноти на некои од најпрекрасните песни.

Се пее рок, поп, народно... во основа се пее сѐ што е убаво и ги радува ушите. Малку познат факт е дека покрај свирачи и пејачи, членовите на 5+ Бенд се и танчери и акробати и сонувачи и актери и што ли уште не!

Ова е прво шоу во живо на 5+ Бенд, група чии песни на Јутјуб се прегледани неколку милиони пати и претставува прва можност на сцена да се видат Петко, Лина, Цветко, Комшо, Марија, Ана, Дедо Менде и Тетка Душка.

На Телма во тек е втората сезона од играната серија чиј главен лик е Петко, најпопуларниот детски ТВ карактер кој речиси 10 години ги забавува децата и ги учи на вистинските вредности.

Дружбата продолжува во живо!

(комерцијален текст)

17 ноември 2015 - 11:17