Зошто основачите на Инстаграм си дадоа отказ во Фејсбук?

Вајард деновиве објавија репортажа од 12.000 зборови за изминатите година и пол во Фејсбук, за која е разговарано со 65 сегашни и поранешни вработени. Сосема споредно, од репортажата може да се направи и тајмлајн за заминувањето на луѓето кои го создадоа Инстаграм, Кевин Систром и Мајк Крајгер, од Фејсбук.

Крајгер и Систром

Развојот на настаните, според оваа верзија од приказната, е следен:

- Рапидниот раст на Инстаграм создава презир во Фејсбук, каде дел од највисокиот менаџмент почнува да чувствува дека купувањето на Инстаграм го одлива растот и ангажманот што до тогаш го имаат на апликацијата на Фејсбук.

- Како што Закерберг се подготвува за прв пат да го реорганизира својот тим директори, основачите на Инстаграм вршат притисок тогашниот прв човек одговорен за Њуз-фидот, Адам Мосери, да биде нивен официјален делегат. Човекот им се допаѓа и сметаат дека тој може да биде ефикасен бафер од интрузивните барања на Фејсбук.

- Откако Систром се појавува во неколку профили на магазини, Закерберг објавува дека никој повеќе не смее да го направи тоа без дозвола од него лично или од Шерил Сандберг.

- При објавувањето на финансиските резултати од јули 2018, Закерберг ги зема сите заслуги за успехот на Инстаграм изјавувајќи „веруваме дека Инстаграм успеа да ја искористи инфраструктурата на Фејсбук за да порасне два пати побрзо отколку што за тоа би му било потребно кога би бил сам.“

- Закерберг по ова бара од тогашниот прв човек за раст на компанијата, Хавиер Оливан, да направи список на сите начини на кои Фејсбук го помогнал растот на Инстаграм. Дел од нив вклучуваат можност за обележување на Инстаграм фотките споделени на Фејсбук дека прво биле објавени на Инстаграм, и дозвола Инстаграм да ги користи Фејсбук пријателите на еден корисник за да му предложи кого тој да следи.

- Закерберг по ова му најавува на Систром дека ќе му ги одземе сите овие бенефиции, наводно за да ја заштити Фејсбук апликацијата.

- Систром испраќа меморандум до вработените на Инстаграм за да ги информира дека Закерберг им ги одзема алатките за раст, пишувајќи дека тој бил против но компанијата немала друг избор освен да го удоволи ова. Фејсбук бил преплашен дека меморандумот би можел да протече во јавност.

- Систром веднаш по ова зема неколку слободни месеци пост-породилно (жена му се пораѓа во јуни).

- Додека Систром е на пост-породилно, Фејсбук почнува со тестирање на следење локација и „хамбургер мени“ копче во Инстаграм, што е спротивно на насоките на Систром.

- Систром почнува да се сомнева дека намерата на Закерберг е да го направи доволно мизерен за да си даде отказ.

- Систром и Крајгер решаваат да дадат отказ откако првиот се враќа од пост-породилно. Откако тие го информираат својот тим дека имаат намера да си заминат, веста протекува до Њујорк тајмс, правејќи му заседа на Фејсбук и присилувајќи го да објави избрзано збогување.

Она што сторијата на Вајард дополнително забележува е дека почетниот дизајн на Инстаграм прави сервисот да биде потежок за злоупотреба, што пак ја прави социјалната мрежа се уште привлечна за северноамериканските корисници кои Фејсбук апликацијата одамна ги има изгубено.

„Можеш колку сакаш да дебатираш за тоа колку Фејсбук придонел за успехот на Инстаграм - а секако придонел многу - но Систром и Крајгер имаа непоколебливи ставови околу дизајнот на апликацијата кои одлично им служеа. Сега кога двајцата заминаа за Инстаграм останува само да стане рескинувана верзија на Фејсбук апликацијата,“ пишува Кејси Њутон во Верџ.

Комплетната сторија на Вајард, тука