Уникатно воздушно доживување кое ги воодушеви и раздвижи Скопјани

Светската прослава на 29-от роденден на револуционерната линија на Air Max патиките во Њујорк, Хонг Конг и Tокио, истовремено беше одржана и во Скопје.

Голем број на расположени и насмеани граѓани се одлучија да бидат дел од овој важен глобален настан во историјата на Nike и изминатиот викенд ја искористија несекојдневната можност да ги пробаат најновите модели на Air Max скокајќи на трамболина, поставена пред BUZZ Sneaker Station продавницата во Скопје Сити Мол.

Oсвен одличната шанса да го пробаат уникатниот воздушен ѓон скокајќи на трамболината и да го доживеат неверојатното "воздушно" искуство на лице место, посетителите се уверија зошто токму оваа линија на патики се едни од најомилените и најпосакуваните патики на сите времиња. Воедно, големиот број на посетители имаа фантастична шанса на роденденот кој што се одржа на 26-ти март на вториот кат на Скопје Сити Мил да се дружат и со популарните Air Max амбасадори: македонска пејачка Симона Попоска, популарниот ТВ и радио водител Димитар Атанасовски, DJ-от и Air Max колекционер Зоран Lephong Георгиев, DJ-от кој беше и задолжен за целата прослава, Кире SnkrCity, како и со специјалните гости DJ Гоце САФ и легендарниот американски хип-хоп артист Jeru The Demaja. Jeru е еден од основоположниците на овој екстремно популарен правец на музика и неговите изданија се сметаат за есенцијални хип хоп албуми кои заедно со Wu-Tang Clan, Notorious B.I.G и Nas го издигаат Њујоршкиот хип-хоп до ѕвездите. Роденденската прослава на Air Max беше ретка можност во живо да се види и запознае музичар кој има статус на легенда.

 Инаку, револуцијата во патиките ја започна познатиот дизајнер на Nike, Тинкер Хетфилд, уште во далечната 1987-ма година, кој создаде целосно нов концепт на патики – моделот Air Max 1. Овие патики кои веднаш се здобија со глобална слава претставуваа дотогаш невидена иновација со воведување на проѕирен воздушен (т.н. Air) ѓон, кој предизвикал искрено воодушевување кај целата јавност. 

Од тогаш па сè до денес, Air Max доживеа голем број варијации, почнувајќи од смелите бои и уникатни дизајни во формата на моделите – Air Max 90, Air Max 93, Air Max 95, Air Max 360, па се до изгледот кој ги остава без зборови трендсетерите во светот.

Оваа линија на патики стана препознатлива како најпопуларна во светот - засекогаш менувајќи ја улогата која патиките ја имаат во животот на рекреативците и љубителите на спортот, но и на познатите личности кои ги создаваат новите трендови. 

(комерцијален текст)

29 март 2016 - 14:59