Сорос: Веднаш тргнете го Закерберг од Фејсбук ако не сакате Трамп да победи

Во кратко и остро писмо до Фајненшл тајмс милијардерот инсистира Марк Закерберг и неговата десна рака Шерил Сандберг под итно да бидат отстранети од раководните улоги во компанијата, или во спротивно Трамп ќе тера и втор мандат.

На писмото му претходи отворено писмо на Закерберг во Фајненшл тајмс во кое тој бара да биде регулиран од државата.

Писмото на Сорос во целост:

„Марк Закерберг треба да престане да ги заматува фактите лицемерно барајќи регулирање од државата („We need more regulation of Big Tech“ 17 февруари).

Г-динот Закерберг изгледа дека е дел од некој вид договор за меѓусебно помагање со Доналд Трамп што ќе му помогне да биде реизбран. Фејсбук нема потреба да чека владина регулација за да престане да прифаќа какви било политички реклами во 2020 до завршувањето на изборите на 4-ти ноември. И ако има каков било сомнеж дали некоја реклама е политичка, тие треба да пристапат со претпазливост и да одбијат да ја објават. Малку е веројатно дека Фејсбук ќе го следи овој правец.

Затоа, го повторувам мојот предлог, Марк Закерберг и Шерил Сандберг треба да бидат отстранети од управувањето со Фејсбук. (Нема потреба да повторувам дека ја подржувам државата регулација на платформите за социјални медиуми.)