Со килавото новинарство се претера

Американска новинарска се направи предмет на масовен подсмев откако разгласи дека го тужи Трамп затоа што на неговиот личен (повторуваме: личен) Твитер, против неа го употребил едно од најкорисните копчиња таму - да блокираш некого и да го скинеш од својот радар (па нека си смрди во свој двор). Причината ѝ е глупа, објаснувањето неподносливо. Конечно и ние потполно да го разбереме златокосиот.

Новинарка која себе се гледа и како „квир фенинистички правен аналитичар“ го тужи американскиот претседател затоа што ја блокирал не неговата приватна твитер сметка @realDonaldTrump.

Ребека Бакволтер - Поза го обвинува Трамп дека нанел „непоправливи штети на нејзината кариера“ бидејќи откако била блокирана веќе не можела да учествува и да биде интерактивна со публиката на Трамп.

Со нејзини зборови:

Веќе немам можности да партиципирам во најробусната конверзација околу законите и  политиките на Твитер, оние кои се разменуваат на твитер акаунтот на Доналд Трамп. Да се учествува таму беше идеален начин да се остане во тек не само со фактите туку и со идеите. Тоа е вистински пазар на идеи во кои учествуваат мои потенцијални работодавци, колеги и публика и немам разумен начин како да им се придружам. Секој ден откако сум блокирана јас ја губам шансата да ги унапредувам моите погледи и да ги подобрувам туѓите....“

Јасно ви е зошто ја блокирал, нели?

Некои од реакциите:

A Ребека не ќе е сама во оваа битка. За истото Трамп го тужат извесни „Витези на првиот амандман“ од Универзитетот во Колумбија кои не само што бараат Трамп да ги одблокира на твитер адресата која има 34 милиони следбеници туку и во иднина да му се забрани да блокира туѓи мислења.

20 јули 2017 - 11:54