СЕКОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ДЕДО МРАЗ ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Новогодишните и Божиќните празници се вистинското време да се дарува, без очекување да се добие нешто за возврат, едноставно да се ужива во среќата на другите. Време во кое за кратко може да заборавиме на себе и да најдеме време да им се посветиме на другите. Време во кое ќе тргнеме настрана сè што е помалку важно и ќе им дадеме предност на вистинските вредности.    

Скопје сити мол со организација на донаторската акција Јас Дедо Мраз им овозможува на сите потрошувачи да дадат дел од себе, одвојувајќи само миг од своето време, мал момент на внимание во кое ќе помогнат некому кому навистина му треба помош и поддршка.

Со едноставно кликање „лајк“ на објавата за донации на фејсбук-страницата на Сити мол, потрошувачите можат да дадат свој мал придонес во собирањето на подароци за децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. За сите оние што сакаат да израдуваат некого и да поттикнат позитивни чувства, но не знаат каде и како, немаат време или дополнителни средства, Јас Дедо Мраз е вистинската иницијатива во која секој може да учествува и да придонесе.

Кликнете на Extreme Intimo, Nina Box или на Anhoch и дарувајте лајк кој нема да ви чини ниту денар, а ќе придонесе многу кон среќата и благосостојбата на дечињата. Оваа хуманитарна акција по иницијатива и во организација на Скопје Сити мол трае веќе трета недела по ред и за секои 250 лајкови секој од брендовите поединечно донираат во име на потрошувачите по еден подарок од својот асортиман.

„Љубезноста е најлесниот начин да дадете подарок, а за возврат ќе добиете насмевка. Луѓето што примаат љубезност, ја споделуваат љубезноста понатаму.Така кругот на добрината никогаш не се затвора. Затоа ги повикувам сите наши потрошувачи, пријатели и соработници да дадат придонес во оваа убава иницијатива со едноставно притискање на „лајк“. Што повеќе „лајкови“ толку повеќе подароци за Нова година за децата без родители и родителска грижа“ - изјави Дарко Панчевски, претставник од Скопје Сити мол.

Пред продавниците на брендовите што учествуваат во акцијата се поставени аналогни фејсбук-бројачи што го евидентираат секој лајк на посетителите на фан-страницата на Сити мол и така секој што донира во реално време може да го забележи својот „придонес“.

Оваа иницијатива трае до 31.12, а во неа учествуваат Европа, Tudors, Sport Vision, Fashion Group, Krsh Toys, Bebe House, Anhoch, Nina box и Extreme Intimo.

Приклучете се во #ЈасДедоМраз и направете ги овие празници убави за другите како што ги креирате за себе :)

(комерцијален текст)

28 декември 2016 - 11:52