Русија ги има најбрзите хакери

Отприлика колку што на тебе ти треба за да најдеш што да симнеш од торент или да гледаш на Нетфликс, толку му треба на просечниот руски хакер да влезе во нечија компјутерска мрежа.

Просечното време на пробивање за руските хакери е 18 минути и 49 секунди. Следни, но со сериозно заостанување се севернокорејските хакерски групи со просек од околу 2 часа и 20 минути, а последни во топ 3 друштвото се Кинезите со просечно време на пробивање од 4 часа. На четврто место со над 5 часа работа се нашле иранските хакери.

Метриката зема предвид колку време им треба да хакерите да влезат во мрежата и да го прошират својот пристап до други машини по првичното пробивање.

Минутажата се базира на бројките на компанијата за компјутерска безбедност, Краудстрајк, која собира и анализира податоци од над 30.000 обиди за пробивање во 2018. Податоците вклучуваат компании од секоја голема индустрија, и организации во приватен или јавен сектор во 176 држави.

Она што ги изненадува експертите не е толку брзината на Русите, туку срамното 3-то место за Кинезите. Нивната логика е дека Кинезите имаат проблем да се справат со новата генерација на заштита и останатите технологии што ги штитат нивните мети.

1 март 2019 - 09:51