Преку Гугл-от веќе!

Гневни околу сите погодности што им ги нудат на своите вработени, а во меѓувреме комплетно ги избегнуваат локалните и сојузните даноци, група демонстранти со камења нападнаа автобус на Гугл пол со вработени.

Во петокот имало протести на неколку локации. На една од нив бил каменуван автобусот кој возел кон Маунтаин Вју. Во целата работа нема повредени.

Демонстрантите се дополнително револтирани и од постојаниот раст на цените киријата, предизвикани од се поголемата побарувачка на станови од вработените во техничката индустрија.

"Ви не сте невини жртви. Без вас цената на киријата нема да расте и ние нема да се соочуваме со бркање од становите. Вие, вашите работодавци, и шпекулантите со недвижнини се виновни за новата криза која е многу полоша од претходната. Вие живеете комотни животи, опкружени со сиромаштија, бездомници и смрт, комплетно несвесни за сe' околу вас, изгубени во парите и успехот. Разгледајте наоколу, го гледате ли насилството и деградацијата што се случува? Ова е светот што вие го создадовте и вие очигледно сте на погрешната страна," пишува во манифестот на демонстрантите.

Проблемот на Сан Франциско е што истовремено ја има една од највисоките концентрации на милијардери во светот, додека е и градот со најголемата популација на бездомници во САД.

23 декември 2013 - 17:39