Хакери пробија луѓе на ФСБ, руската разузнавачка служба

Жртвата на хакерскиот напад во случајов е руската компанија Сајтеч која работи на истражувачки проекти за ФСБ, а хакерите се од групата „0v1ru$“ кои успале да упаднат во актив-директори серверот на компанијата и од таму добиле пристап до целата нивна ИТ мрежа. Во упадот успеале да соберат 7,5 терабајти податоци.

Еден од најголемите проекти што хакерите го откриваат е обидот на компанијата да се деанонимизира сообраќајот на Тор мрежата, и да се создаде база на Тор корисници и уреди. Работата на овој проект, кој се води под името Nautilus-S, започнува во 2012, а некаде во 2014 тој почнува да се користи.

Единствен друг проект кој излегол од фаза на истражување е Хоуп, кој се занимавал со мапирање на рускиот дел од интернетот и неговата поврзаност со другите држави (на почетокот од годинава Русија го тестираше гасењето од остатокот од светскиот интернет).

Меѓу документите се и проектот Наутилус кој собирал податоци од социјалните мрежи, Реворд работел на пробивање на П2П мрежите, Ментор требало да ги истражува и шпионира мејловите на руските компании, а Такс-3 требало да креира затворен интранет кој содржи информации за политичари и судии, кој нема да биде достапен од стандардните владини мрежи. Сите овие проекти се во фаза на истражување.

Освен собирањето документи, хакерите прописно го соборија и сајтот на Сајтеч. Претходно, во 2018, беше хакнат Квантум, уште една фирма соработник на ФСБ.

22 јули 2019 - 10:37