Гугл ја укина првоаприлската шега за годинава

За Гугл сè се развиваше по план со зезалицата за 1-ви април, се додека во текот на денот не им се нафрлија повеќе луѓе кои тврдеа дека денес биле отпуштени од работа заради шегата на Гугл.

За 1-ви април, на Гмаил веднаш до риплај копчето Гугл додаде "Mic drop" копче, кое го прави истото што и риплај, само што на крајот од твојот одговор во мејлот додава и гиф од минион како фрла микрофон.

Гугл шегата ја претстави како - "мејлот е одлична работа, ама некогаш сакаш да стиснеш на копчето за исфрлање."

Минион копчето беше ставено веднаш до риплаj, со што го замени "испрати и архивирај" копчето. Од навика и кликање на памет, ова предизвика гнев кај голем број луѓе кои го користат мејлот на Гугл, посебно кај тие што го користат за работа.

Како на пример во оваа ситуација:

Дел од корисниците што немале лошо искуство тргнаа да го бранат Гугл дека не било нешто страшно и "кога стигнавте да ве отпуштат и да ви раскинат договор." Без разлика на ова од Гугл одлучија дека е попаметно да ја повлечат шегата и во текот на денот го укинаа копчето.

"Заради баг, минион копчето ненамерно предизвика повеќе проблеми отколку насмевки. Навистина ни е жал. Копчето е исклучено, а ако уште го гледате ве молиме повторно лоадирајте ја вашата Гмаил страна," напиша тимот на Гмаил во објавата за повлекување на копчето.

1 април 2016 - 14:06