Фејсбук веќе не е социјална мрежа

Фејсбук го има изгубено чувството на интимност кое своевремено им го нудеше на луѓето и заради кое толку многу луѓе се навлекоа на него. Денес Фејсбук е нешто поинакво ама и нешто многу поголемо и поопасно.

И пред тоа да стане име на филмот, Фејсбук беше синоним за "социјална мрежа". Епитетот го грабна од Мајспејс во 2008 и го залепи за себе пред да се појават другите социјални мрежи.

Денес постојат сигнали дека врвот е веќе достигнат. Не како медиумска платформа или пак како место на кое луѓето обожуваат да си го минат животот. Но функцијата на "социјална мрежа" на која луѓето одат да се поврзат со пријатели и познаници, почнува да се губи.

Се разбира, Фејсбук денес се користи повеќе од кога и да е. На последното броење имаше 1,6 милијарди активни корисници, милијарда од нив се логираат секојдневно. Но сè помалку луѓе одат на него за да се социјализираат.

Во самата компанија тој проблем со намалувањето на "оригиналното споделување" го идентификуваат како "колапс на контекстот", бидејќи во тој хаос, на многумина не им е јасно што споделувааат со пријатели а што оди 'во јавност'.

Ако веќе не е социјална мрежа, што е тогаш Фејсбук денес? За многумина тој првенствено е портал, односно водич за онлајн светот. Лишени од базична љубопитност да дознаат што се случува наоколу, тие мислат дека се случува само она што им било покажано на Фејсбук. А со оглед на тоа што изборот што некому ќе му се појави како содржина зависи од развиени и сложени алгоритми, можноста за манипулација со перцепцијата на огромни маси народ е огромна. 

26 април 2016 - 10:58