Дали Закерберг ќе лежи затвор?

Нов американски закон во основа предвидува дека директори на технолошките џинови треба да бидат одговорни за постапките на својата компанија.

Ако до сега технолошките компании поминуваа со „извинете; не сакавме; работиме на подобрување; ја слушнавме и разбираме вашата загриженост...“ секој пат кога ќе ја прекршат приватноста на корисниците, во иднина и понатаму ќе може да така да си поминат, само што нивните директори ќе завршат во затвор.

Законот „Гледај си твоја работа“ (тоа му е официјалниот наслов), ќе и даде на американската ФТЦ (Федерална комисија за трговија), која е надлежна за заштита на приватноста, поголеми казни за компаниите што некако ја нарушиле приватноста на своите корисници.

„Закерберг нема сериозно да почне да ја сфаќа приватноста на Американците освен ако не почне да чувствува лични последици. Казна од ФТЦ не е ништо за нив, па затоа мојот закон предвидува дека тој може да добие затворска казна за лажење на властите,“ изјавува предлагачот, демократскиот сенатор од Орегон, Рон Вајден.

На почетокот од годината ФТЦ го казни Фејсбук со 5 милијарди долари, најголемата казна што некогаш ја дале, но за Фејсбук исто колку и 1-месечна продажба на реклами.

Во подготовките за законот, Вајден разговара со разни експерти, од стига до 3 заклучоци:

- Корисниците мора да имаат контрола врз содржината.

- Компаниите мора да бидат далеку потранспарентни што прават со податоците.

- Мора да има вистински последици за директорите кои ги прекршуваат правилата.

Законот во оваа форма е поостар од ГДПР на ЕУ, кој предвидува казни во износ од 4% од годишните приходи на компаниите, но не и затворски казни.

21 октомври 2019 - 12:12