Дали брендовите треба да кажат нешто на 9/11

Во прашање е која било трагедија, а за брендовите е природно да пробаат да се вклучат во џагорот околу кој било важен ден. Конкретно случајов е за 11-ти септември и судирот е меѓу некои од најголемите брендови и сопственик на студио за графички дизајн. Пораката е - во ред е да го заборавите 11-ти септември.

Невкусот во самата постапка на "сеќавање" на денот е што публиката ова почнува да го чувствува како брендовите да се натураат себе си на самиот ден на трагедијата, па на пример прашањето е дали Еплбис со својата комеморација на денот, сака да ја повика публиката "да отиде кај нив и да ја удави својата тага во соседскиот ресторан."

Со темава вчера на Твитер си игра Мајк Монтеро, кој пред своите 48 илјади следбеници се допишуваше со брендовите:

Слично денот го мина и Шон Бонер (новинар, активист, претприемач од Лос Анџелес). Во разговор за АдВик тој објаснува: "Едноставно е. Брендовите не се луѓе. Брендовите немаат емоции или сеќавања или сочувство или скршено срце. Луѓето ги имаат овие работи, и кога бренд ќе се обиде да упадне во разговорот тоа е маркетинг. И во помалку емоционално набиена околина ова едноставно е глупо. Ама кога зборуваме за трагедија која резултирала со смрт на премногу луѓе, тоа е одвратно помножено со 1.000."

"Не можат. И не треба. Сериозно, нема начин на кој брендот може да се 'вметне себеси во разговорот' околу трагедија како оваа, а притоа да не изгледа лошо," е одговорот на Бонер на прашањето како брендовите треба да се вметнат во оваа трагедија без да изгледаат опортунистички.

12 септември 2014 - 16:16