Биткоин копачите

Група од четворица Кинези, во рурална североисточна Кина пренаменуваат цела фабрика за во нејзе да постават рудник за биткоин. Ова е само една од 6-те локации што ги имаат.

На оваа група отпаѓа 3% од копањето на целата биткоин мрежа. Месечно од сите 6 локации вадат околу 4.050 биткоини, што во реални пари е околу 1,5 милиони долари. Четворицата живеат во самите фабрики, напуштајќи ги само 4 или 5 дена во месецот.

Целата операција изгледа застрашувачки, дури и за луѓе што цел живот гледаат во сервер сали.

9 февруари 2015 - 13:55