Амазон ќе носи и од гранапчиња

Џинот во онлајн продажбата планира огромно проширување на АмазонФреш, сервисот за испорака на месо, млеко и останати свежи и замрзнати производи. Од ова се очекува да имаат профит од - 0 долари.

Планот е до 2014-та сервисот да функционира во 40 големи градови низ САД, а главната дилема на аналитичарите е зошто Амазон се решил на ова кога е познато дека бизнисот со испорака на вакви артикли е "Бермудски триаголник за голем број компании."

"Ова може да му даде шанса на Амазон да се поврзе со потрошувачите на зачестена основа. Моментално најголемиот дел од купувачите на Амазон прават мали нарачки. Меѓутоа ако Амазон успее да ги стави во пакет вашите банани со вашите книги и дискови, тогаш испораката до вашиот дом ќе му биде многу поисплатлива."

Затоа што се свесни дека нема пари во овој бизнис, аналитичарите сметаат дека за сега на Амазон му е доволно со пратките да бидат на нула, додека во исто време ќе го користи овој сервис за раст на сервисот за испорака во ист ден.

Главниот проблем кај испораката на овој тип на производи е што тие се тешки, големи и обемни, што ги прави скапи за испорака. Ова Амазон го решава со изградба на мали центри за дистрибуција во повеќе населени места, што значително ќе им ја спушти цената на испорака.

АмазонФреш постои во Сиетл од 2007-ма, и цело ова време се работеше на усовршување на сервисот за да испорача "врвен комфор" за потрошувачите. Тој вклучува опции како - немање минимум нарачка за испорачување, испорака пред разденување и можност да одбереш во колку часот да ти испорачаат.

7 јуни 2013 - 14:43