6-годишното дете што направи 11 милиони долари на Јутјуб

На достигнувањето од насловот му фали уште еден „орден“ а тоа дека сумата од 11 милиони долари е само за една година. Се вика Рајан и прави рецензии (си игра) со играчки на Јутјуб.

Рајан го прави ова уште од 3-годишна возраст, кога мајка му и татко му прв пат почнуваат да го снимаат за Јутјуб како тој отвора играчки и си игра со нив. Сите овие години како една од најголемите тајни е презимето на Рајан и местото на живеење.

На листата на Форбс на највисоко платени Јутјуб ликови, Рајан е на 8-мо место, со заработени 11 милиони долари меѓу 1-ви јуни 2016 и 1-ви јули 2017. Заедно, 10-те Јутјубери со најголема заработувачка годинава имаат заработено 127 милиони долари, што е 80% повеќе од минатата година.

Освен што се комплетно маѓепсани од него и му прегледуваат часови и часови видеа, дел од децата почнаа и да го емитираат со сопствени канали на Јутјуб.

Првото видео на Рајан е 15-минутен клип за Лего дупло сет со воз, објавено е во март 2015 и тогаш 3-годишниот Рајан речиси и да не добива никакви прегледи. Рајан ова го почнува откако некое време гледа слични Јутјуб канали, во кои деца рецензираат (си играат) со играчки, а посебно со Локомотивата Томас. По некое време и доаѓа на мајка му разочаран зошто и тој да нема Јутјуб канал како и сите други деца.

Неговото прво вирално видео е неколку месеци по отворање на каналот во кое истовремено рецензира сто играчки, “100+ cars toys GIANT EGG SURPRISE OPENING Disney Pixar Lightning McQueen kids video Ryan ToysReview”. По ова прегледите на неговите видеа секој месец почнуваат да се зголемуваат за два пати. Во јануари 2016 ги достигнува првите 1 милион претплатници, една година подоцна има над 5 милиони. Денес ја има надминато границата од 10 милиони претплатници на Јутјуб.

Во јуни годинава Рајан тојсривју беше најгледаниот Јутјуб канал во САД 40 недели по ред. Во септември во едно од видеата на Рајан гостува НБА играчот Кевин Дурант.

Рајан веќе има и сериозно влијание на продажбата на играчки. ЦЕО-то на Тојс, тотс, петс анд мор, Џим Силвер, во интервју за Верџ објаснува:

„Ако производот добие 10, 20 милиони прегледи, и гледаш дека му се допаѓа Рајан, тогаш и на другите деца ќе им се допаѓа, и тоа има огромно влијание на продажбата.

Тој стварно е најмалиот што успеал за кого знаеме. Најчесто децата што го достигнале ова се на возраст од над 6 години, чисто заради вокабуларот и созреаноста да можат да направат рецензија.“

Според родителите на Рајан, 99% од видеата на каналот не се брендирани, и тие ги имаат платено сите играчки што Рајан ги рецензира. На каналот се тврди и дека најголемиот дел од играчките се донираат во добротворни цели откако Рајан ќе заврши со рецензија.

Линдзи Вајс во блог за сајтот Бејби центар, пишува за своето искуство како родител со видеата на Рајан:

„Мојот 5-годишен син ги ГОЛТА ОВИЕ работи. Рајан тојсривју ќе ме умре.

Ова е буквално единствената работа што тој ја гледа на Јутјуб, и пред некој ден го гледам како зборува со Рајан, кажувајќи му дека пропуштил некоја важна опција на една нова игра што ја рецензираше.

Му кажав: ’Сине, знаеш дека Рајан не може да те слушне, така?’

А тој ми одговори: ’Не мора да ме слушне, мама, тој едноставно ЗНАЕ.’

Исто така треба да му се заблагодарам на Рајан за ТРИНАЕСЕТТЕ играчки што син ми го доби за роденден минатата недела. Точно. Син ми доби ТРИНАЕСЕТ играчки за роденден. Сите затоа што го видел Рајан како си игра и се радува на нив.“

Меѓу коментарите на видеата на Рајан има и од родители со деца со аутизам се благодарни на видеата на Рајан, затоа што малите минувале часови на каналот и видеата им „помагаат да зборува, да ја користи својата фантазија и правилно да си игра со играчките.“

13 декември 2017 - 09:45