Туризам по глава на Хрват

Човек за човек, Хрватите од туризам заработуваат повеќе пари отколку Шпанците, Французите, Грците, Италијанците или Турците. На ова, коментарот на Хрватите е - малку трошат кај нас.

Хрватскиот просек на приходи од туризам е 1.689 евра по жител. Дилемата е им е, како и покрај толкуте пари што влегуваат во земјата, Хрватите не се побогати?

Аналитичарот Здеслав Шантиќ за Вечерњи објаснува дека парите не се чувствуваат затоа што има генерална криза, ама да ги немало и овие пари (околу 7 милијарди евра по туристичка сезона) тек тогаш земјата ќе стане тешко.

Тој не е нешто посебно воодушевен од туристичкиот просек на заработувачка, објаснувајќи дека маната на Хрватска е што никако не може да ги собере кратките посети од неколку дена, и генерално е дестинација за годишен одмор. Кога ова би се сменило би пораснал и просекот на потрошувачка по преноќување.

Аналитичарката од Хорват Консалтинг, Сања Чизмар, исто така не е воодушевена од заработувачката по жители и според неа треба да се брка просекот за приходи по ноќевање.

"По овој показател Хрватска е 25% под просекот на анализираните земји. Причина за ова е помалиот удел на хотелските капацитети во вкупниот на сместувачки капацитет."

Генерално забелешката на сите соговорници на Вечерњи е што сезоната им трае премногу кратко, и нема дополнителна понуда на која туристите би трошеле пари кога ќе дојдат.

13 август 2014 - 14:51