Тесла откри вработен што го саботирал производство на фабриката

Неименуван вработен направил „прилично обемна саботажа во работењето“ на главната фабриката на Тесла за производство на автомобилите, објавил Маск во меил до вработените.

Во мејлот се објаснува дека вработениот направил промени во компјутерскиот код на оперативниот систем на кој работи производството во фабриката. Освен тоа се верува дека вработениот изнел голем број тајни податоци и ги предал на трети страни.

„Негова мотивација за ова е што сакал унапредување кое не го добил. Имајќи ги предвид неговите дела, тоа што тој не бил унапреден е дефинитивно правилна постапка,“ напишал Маск.

Не се споменува ништо за позицијата и идентитетот на вработениот, ниту пак е познато дали тој е отпуштен. И покрај тоа што мејлот е испратен до целата компанија од Тесла одбиле да коментираат за наводната саботажа.

Моментално сите напори на Тесла се насочени кон достигнување на 5.000 произведени Модел 3 автомобили неделно, со што конечно ќе може да се одглави листата на чекање и компанијата да почне да излезе од минусот од производство.

20 јуни 2018 - 13:31