Вие пак не станувајте да играте на свадби

Танцувањето со Путин беше даровно за поранешната австриска министерка

Карин Кнајсл во 2018 е министерка за надворешни работи на Австрија кога на својата свадба го кани Путин, а и танцува со него. Денес Кнајсл е номинирана за нов член на бордот на директори рускиот нафтен гигант Роснефт.

Кнајсл е номинирана од руската влада како независен директор, а ако номинацијата биде одобрена од акционерите таа ќе стане колешка со поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој од 2017 е претседател на бордот.

Таа ја напушта австриската влада во 2019, и од тогаш, меѓу другото, во повеќе наврати коментира теми на руската РТ.

Иако руската држава го намали својот удел во Роснефт на нешто над 40%, таа останува најголемиот акционер, заради што претпоставката е дека номинацијата најверојатно ќе биде прифатена.

Инаку Роснефт најголемиот руски производител на нафта е раководен од Игор Сечин, еден од најлојалните сојузници на Путин.

4 март 2021 - 10:13