Тајниот извор на пари на Тесла

Американските производители на автомобили своите гревови со загадувањето ги перат со помош на Тесла, па колку повеќе тие продаваат автомобили на бензин/дизел, толку повеќе пари завршуваат кај Тесла.

Во една од мерките што САД на времето ги воведува за борба против загадувањето се задолжителните „зелени кредити“ што секој производител на автомобили мора да ги има. Кредитите се добиваат со создавање еколошки производи (пример Тесла електрични автомобили) или со купување кредити од компании кои произведуваат еколошки производи (пример Тесла).

По основа на ваквото правило Тесла со години им продава кредити на Генерал моторс и Крајслер, кои се во сериозен „зелен минус“ од загадувањето од продажбата на регуларни автомобили.

Иако Генерал моторс има два добро продавани еко-модели, Шевролет Волт (хибрид) и Шеви Болт (целосно електричен), неговиот минус во кредити доаѓа од огромната продажба што ја имаат на алчните за дизел џипови и пикапи. Намерата на компанијата е да направи залиха од вакви кредити за следните години, кога се очекува правилата против загадување да се заострат, а со тоа и цената на кредитите да порасне.

Процената е дека Тесла од 2010 до денес има заработено 2 милијарди долари од продажба на вакви кредити.

Одговорниот за финансии во Тесла, пред некое време објави дека очекува „продажбата на кредити да биде позначителен дел од бизнисот на Тесла во претстојните години.“

7 јуни 2019 - 14:33