Саудиска Арабија и Русија ќе ја затвораат славината за нафта

Во очигледен инает на САД, а во корист на Москва, Саудијците е најавено дека ќе објават значително кратење на производството на сировата нафта како би ја зголемиле нејзината цена на светските берзи.

Информацијата за намалувањето на производството треба да биде објавена на состанокот на ОПЕК+ во Виена, каде Саудиска Арабија е најголемиот производител. Саудијците и Русите вршат притисок намалувањето да биде меѓу 1 и 2 милиони барели на ден. Исто така се уште не е познато за кој период би се постигнало ова.

„Ова веќе не е старата Саудиска Арабија а САД веројатно се уште се бавни и неволни да си го признаат тоа кога е во прашање енергијата.

Ако тие сакаат повисока цена на нафтата, тие очигледно сигнализираа дека и ќе работат на тоа, дури и САД да има одмазднички одговор,“ објаснува за Фајненшл тајмс аналитичарот на Евроазија групацијата, Рад Алкадири.

Кратењето е планирано да се направи од сегашните бројки за производство, а не од договорените квоти за производство кои дел од членовите на ОПЕК со години не можат да ги исполнат, главно заради недоволни инвестиции.

Намалувањето на производството инстантно ќе ја крене цената на нафтата и ќе влијае врз рејтингот на Бајден и демократите кои цело лето работеа на симнување на цената.

На берзата цената на нафтата порасна за 91,5 долари по барел, далеку пониско од пикот од почетокот на јуни кога цената за барел надмина 120 долари. Освен домашните проблеми, САД работат константно на спуштање на цената и за да ги намалат приходите на Русија од нафта со кои се финансира војната во Украина.

Ваквата агенда на САД е директно на нивна лична штета која се подготвени да ја компензираат заради повисоки цели, но и на штета на Саудиска Арабија која не е заинтересирана за американската агенда.

Позицијата на Саудијците следува по нешто повеќе од два месеца откако Бајден во Џеда се сретна со Мухамед бин Салман, кој вети дека ќе преземат „дополнителни мерки“ за зголемување на снабдувањето со нафта.

5 октомври 2022 - 13:48