Саудиска Арабија ги цица резервите со вода на Калифорнија, на цака стара 140 години

Во 1877 британски копач на злато почнува да обработува едно парче земја во Калифорнија и со тоа го добива правото и на бесплатно користење на водите кои минуваат низ местото. Век и пол подоцна, човекот е умрен, местото е претворено во град, ама водата и понатаму е бесплатна, во еден случај и за Саудијци.

Градот Блајт, по Томас Блајт кој го „открива“ местото, по калифорниски закони има право бесплатно и неограничено да ги користи водните резерви на сојузната држава, како за жителите, така и за фармите од неговата околина. Меѓу овие фарми е и една саудиска.

Самата местоположба на Блајт е уникатна затоа што се наоѓа сред пустина, но одма до огромната река Колорадо, на чии води имаат право.

Фондомонте фармс е подружница на саудискиот гигант Алмараи, еден од најголемите производители на храна во светот. Земјиштето што тие го работат во близина на Блајт е посадено со луцерка (јонџа или детелина, како сакате) која Саудијците со огромни прекуокеански бродови ја носат во Саудиска Арабија за да ги прехранат говедата на своите фарми.

Хранењето на говедата Алмараи го покриваше со храна од ниви во Саудиска Арабија, каде со огромни количества вода успеваше да посади и собере луцерка. Кога во 2016 саудиската влада забрани користење на водата за таа намена, Алмараи веќе беше растрачaна низ свет да купува земјиште на локации каде водните услови се доволно добри за да се произведе доволно храна за нивните 93.000 крави.

Во 2012 Алмараи купува над 12.000 хектари во Аргентина. Во 2014 прв пат купува земјиште во Аризона, а во 2015 купуваат 690 хектари во близина на Блајт каде речиси и да нема култура освен луцерката која може да му одолее на пустинскиот песок. Денес, 4 години подоцна, компанијата овој удел го зголеми на над 6.000 хектари или 16% од целата долина што е под систем за наводнување.

Гневот околу саудиската фарма главно е од надвор од регионот бидејќи локалците се прилично задоволни од соседите, кои вработуваат 100 тамошни жители, со вклучено здравствено, пензиско и годишен одмор, плус редовно откупуваат (и плаќаат) сточна храна од околните фарми.

На ова се надоврзува професор по земјоделие од Универзитетот во Калифорнија Дејвис, на кој не му е јасно што толку галама околу Саудијците, кога локалните земјоделци низ Калифорнија одгледуваат далеку по „жедни“ култури, како бадеми, од кои 70% се за извоз.

26 март 2019 - 15:47