Плати за вас прекрасни луѓе

Во ретко кога виден ќар од "најновите истражувања покажаа дека," ЦЕО во својата компанија воведува минимална плата од 70 илјади долари откако на интернет чита студија дека парите го прават човекот среќен.

Конкретната студија објаснува дека луѓето што заработуваат под 70.000 долари можат да станат осетливо посреќни ако заработуваат повеќе пари.

По ова тој го воведува минимумот со кој 70 негови вработени добиваат покачување, а на 30 платата им се зголемува за 2 пати. Ден Прајс е ЦЕО и основач на Гравити пејментс, мала компанија за обработка на кредитни картички што тој ја основа пред 1 деценија на 19 годишна возраст. Денес има вкупно 120 вработени.

За да може да го покрие планот, Прајс ќе ја симне својата плата од 1 милион на 70.000 долари годишно, плус дел од очекуваниот профит ќе го пренамени за овие потреби.

Одлуката доаѓа во време кога во САД на големо се врти дебатата за драстичните социјални разлики меѓу менаџментот и вработените во компаниите. Моментално има компании во кои ЦЕО-то заработува 350 пати поголема плата од својот просечен работник. Во 2013-та на просечен вработен на МекДоналдс му беа потребни 7 месеци за да заработи колку што ЦЕО-то Дон Томсон заработува за еден час.

Паралелно со ова се води борба и за воведување на минимум од 15 долари на час, што до сега го имаат воведено 23 сојузни држави.

15 април 2015 - 10:03