Норвешка да не се прави на будала со профитот од гасот

„Џиновските“ профити што Норвешка ги има направено заради скокот на цената на гасот треба да ги сподели со другите, а посебно со Украина, е пораката од полскиот премиер.

Зборувајќи околу енергетската политика на земјата, Матеуш Моравјецки, изјавил дела Полска планира својата зависност од јаглен да ја замени со нуклеарна и енергија од обновливи извори, а со тек на време да ги намалува и испораките на руска и арапска нафта.

„Ама треба ли на Норвешка да и плаќаме џиновски суми за гас - четири или пет пати повеќе од што плаќавме пред една година? Тоа е болно.

Тие треба овој вишок профит да го делат со другите. Ова не е нормално, не е правилно. Ова е индиректно заработување од војната што ја започна Путин,“ порачал Моравјецки.

Полска кон крајот на годината ќе го заврши гасоводот од Норвешка кој треба да го замени снабдувањето со гориво од Русија, која пак минатиот месец го прекина дотокот на гас откако Полска одби да плати во рубљи.

Процените на Полска се дека потребите за природен гас ќе пораснат за околу 50% во текот на оваа деценија, бидејќи се градат нови електрани кои треба да ги заменат постојните што работат на јаглен.

25 мај 2022 - 09:15