Нетфликс ќе потроши 7 милијарди долари на серии и филмови во 2018

Само неколку дена откако од Дизни решија сами да си бркаат работа околу платформа за видео стриминг и да ги повлечат своите видеа од Нетфликс, најголемиот стриминг сервис на светот објави дека буџетот за 2018 го зголемуваат за уште 1 милијарда долари.

Во 2016-та Нетфликс имаше буџет од 5 милијарди долари, во 2017 го зголеми на 6, за 2018 да ја ограничи на потрошувачка од 7 милијарди долари за нови содржини.

Моментално Нетфликс го чекаат за плаќање фактури во износ од 15,7 милијарди долари за договори за нови серии и филмови во следните неколку години.

Дилемата на аналитичарите е дали со толкав буџет "Нетфликс го спасува или го раководи Холивуд" преку неговиот модел на еден креатор-продуцент-дистрибутер на содржини. Првиот човек на Нетфликс за содржини Тед Сарандос, го негира сето ова, објаснувајќи дека Нетфликс е само на предводник во она што веќе се случува во медиумската индустрија:

"Јас би рекол дека односот меѓу студијата и мрежите отсекогаш бил пријателско-непријателски. Секој спроведува некоја верзија на ова. Тие само треба да донесат одлука за нивните компании, брендови и акционери, за тоа како најдобро да ги оптимизираат содржините. Ние почнавме да создаваме оригинални содржини пред пет години, кладејќи се дека ова ќе се случи," објаснува Сарандос.

Стратегијата крајно многу се исплатеше за Нетфликс, чии акции растат за над 5.000 проценти откако компанијата го стартуваше својот сервис за стримање видео. Моментално Нетфликс глобално има над 100 милиони претплатници.

17 август 2017 - 10:03