Некој префрли милијарда долари во една биткоин трансакција

Не се знае од каде излегле парите, ниту се знае каде завршиле, само се знае дека во прашање се 94.504 биткоини.

Се работи за една од најголемите трансакции во историјата на биткоин, во која беа префрлени 94.504 биткоини, кои по тогашната цена од 10.600 долари за биткоин вредат нешто ситно над 1 милијарда долари. (Еден ден подоцна, истата количина биткоини вреди 967 милиони долари.)

Заради начинот на кој функционира биткоин, позната е само сумата и трансакцијата, но не и почетна и завршна дестинација на парите.

По број на биткоини најголемата трансакција се случи во 2011, кога беа префрлени 550.000 биткоини. Тогаш биткоинот вредеше 3 долара, па вкупната вредност на трансакцијата изнесуваше 1,5 милиони долари.

Инаку, за трансакцијата на 1 милијарда долари се платени манипулативни трошоци од само 690 долари.

11 септември 2019 - 10:53