Меил преписката меѓу Елон Маск и наводниот „саботер“

Откако доцна вечерта во неделата Маск во меил им соопшти на вработените дека фатиле вработен кој сето ова време го саботирал производството во фабриката, во средата Тесла поднесе тужба против поранешниот техничар од Гигафактори, Марти Трип.

Првиот меил го пушта Трип во средата откако дознава за тужбата, кој на Маск му пишува:

- Без гајле, ќе го добиеш тоа што ти следува за сите лаги што и ги кажа на јавноста и на инвеститорите.


Од тука почнува да се тркала целата преписка. Маск одговара:

- Со тоа што ми се закануваш само си правиш полошо за себе


Трип:

- Никогаш не сум ти се заканил. Едноставно ти кажав дека ќе си го добиеш.

Фала ти за овој подарок!!!!


Маск:

- Треба да се засрамиш за тоа што си наместил други луѓе. Ти си ужасно човечко суштество.


Трип:

- Јас НИКОГАШ не сум „наместил“ некого, ниту пак сум инсинуирал дека некој друг е вклучен во создавањето на документи за твоето ЃУБРИШТЕ ОД МИЛИОНИ ДОЛАРИ, безбедносни пропусти, лажење на инвеститори / и СВЕТОТ.

Да ставиш автомобил со безбедносни пропусти на улица е да бидеш ужасно човечко суштество!


Маск:

- Буквално има повреди со Модел 3. Тој е неспоредливо најбезбедниот автомобил на светот меѓу возилата од средна класа. И секако компанија со производи од милијарди долари ќе има милиони долари отпад. Тоа не е ништо ново.

Како и да е, издавањето на сопствената чест, прекршувањето на договорот што си го имал кога Тесла те вработила и местењето на твоите колеги е погрешно и нешто од ова доаѓа со правни пенали. Така одат работите. Биди добар.


Подоцна Маск појаснува дека сакал да напише „нема повреди“ (injuries / no injuries).

Инаку Трип е вработен во Тесла од октомври минатата година, и тој е неименуваниот извор на една вест на Бизнис инсајдер од февруари дека роботот задолжен за местење на батериите ги пробивал нивните келии и тие такви биле монтирани во Тесла автомобилите. Тесла комплетно го негираше ова, тврдејќи дека Трип ја измислил целата работа. Најверојатно Тесла открива за неговите постапки како дел од сторијата на Бизнис инсајдер.

22 јуни 2018 - 12:21