Крај на најмалата Кока-кола

Во САД се затвора и последната фабричка лента во земјата која полнеше Кока-кола во мали повратни шишиња. Главна причина - им ги крадат шишенцата.

Од фабриката, објаснуваат дека нема економска оправданост за продолжување со полнењето, затоа што во последно време се повеќе луѓе ги купуваат овие пакувања заради шишињата и не ја враќаат амбалажата.

Како дополнување на ова, од Кока-кола порачуваат дека "стаклените шишиња се правени на стара лента која комплетно треба да биде заменета."

Во последната пратка од фабриката во Минесота наполнети се 6.000 шишиња, и сите ќе бидат продадени на интернет по цена од 20 долари, а собраните пари ќе бидат донирани за неколку локални проекти.

Крајот на полнењето важи за шишињата од 6,5 унци (околу 200 милилитри), а од Кока-кола порачуваат дека продолжува полнењето на стаклените шишиња од 8 унци (225 милилитри).

11 октомври 2012 - 13:21