Колку пари ти требаат за да бидеш во најбогатите 1% во светот?

Главниот заклучок е дека зависи од земјата, а кај земјата најчесто зависи од тоа колку даноци решила да им постави на богатите.

Најтешко меѓу 1% се влегува во Монако, каде ти требаат 8 милиони долари за да бидеш меѓу најбогатите. Во Швајцарија ти требаат 5,1 а во САД 4,4 милиони долари. Затоа пак во Сингапур ќе завршиш работа и со 2,9 милиони долари.

Врвот на оваа листа истовремено одлично го покажува влијанието на даночната политика врз бројот на милионери во една земја, па така колку пониски даноци, толку поголем број милионери, и толку повисока граница за влегување во 1% од најбогатите.

Додека во Франција влегуваш во ова друштво со 2,1 а во Германија со 2 милиони долари, истата позиција во Кина ја добиваш со 850.000 долари, а во Русија со 400.000 долари.

Листата изработена од консултантите на Најт Френк, покажува дека прагот за влез меѓу најбогатите 1% во Монако е 400 пати повисок отколку во Кенија, која е најниско рангирана од 30-те локации во истражувањето.

И покрај скокот на богаташи во пацифичкиот дел од Азија, САД и понатаму е домот на неспоредливо најмногу ултра-богаташи во светот.

25 февруари 2021 - 12:54