Како трошат пари луѓето што ги имаат

Иако онлајн продажба е клучниот збор во изминатата деценија, на секој 1 долар потрошен во интернет продавница, се трошат 10 (и нешто ситно) долари во регуларна продавница. Разликата меѓу потрошувачката на храна за бебиња и храна за домашни миленици е уште поголема, и тоа не во корист на бебињата.

Врз основа на неколку референци, сајтот за наоѓање физички продавници со попусти, Retale, прави генератор за тоа како трошат Американците.

Па така, во рок од 10 секунди во САД се трошат 475 долари за бебешка храна и 6.371 долар за храна за миленици. Утеха е што барем за играчки се троши повеќе отколку за оружје, 6.865 наспроти 4.661.

За ова време Данкин донатс служи 726 крофни, МекДоналдс 235 бургери, Старбакс 930 кафиња, а Кока-кола речиси 40.000 чаши.

Еве како изгледа тоа во реално време:

20 јуни 2014 - 19:20