Како техничар ја крена цената на струјата за 24.000%

Стандардна цена на мегават-час во Тексас е 37 долари. На три минути на 30-ти мај, цената достигна 9.000 долари, или 24.000%. Ако неколку минути повисока цена од 24.000% не звучи многу, впечатокот го поправа крајниот цех за грешката од три минути - 18 милиони долари.

Штетата е направена кога вработен на еден од провајдерите на електрична енергија, Калпин, по грешка прикажал дека компанијата во моментот изгубила снабдување од генератори со вкупна моќност од 4.000 мегавати (доволно за напојување на околу 800.000 домаќинства), кои за цело тоа време биле во погон.

Тоа што одеднаш овие капацитети биле тргнати од пресметката за целиот систем значело дека има пик на побарувачка, што пак значи и раст на цените по кои снабдувачите ја откупуваат струјата.

Сега, Калпин бара од тамошниот регулатор повторно да ги тарифира тие 15 минути (цената на струјата се менува на интервали од 15 минути), и со тоа да ја намали фактурата што компанијата треба да ја плати на своите снабдувачи со струја, а од друга страна со тоа и да им ги намали цените на своите потрошувачи.

Регулаторот го одбива ова, по основа дека не прави корекции заради погрешни информации.

5 август 2019 - 10:45