Како Фолксваген упропасти 55 години одличен маркетинг

Германците својот влез на американскиот пазар го почнуваат со сега веќе легендарната кампања со слика од Буба под која пишува "Лимон" а во текстот се објаснува оваа Буба (лимонот во приказната) заради најмала дамка не е товарена на бродот за САД. Од тогаш компанијата има феноменална маркетинг серија која трае 5 и пол децении.

Оваа кампања што агенцијата ДДБ ја прави за Фолксваген се смета за креативна револуција во маркетинг индустријата. Освен тоа на Америка и го претставува еден од најсаканите и најпочитувани брендови на сите времиња, "бренд кој значи квалитет, искреност и посветеност на своите муштерии; бренд - не компанија или производ - кој вреди многу, многу милиони долари."

Во 2014-та "вредност на добра волја" (колку вреди Фолксваген кога не би имал автомобили, фабрики, вработени, дилери) на брендот Фолксваген изнесува 23 милијарди долари.

"Во случајот на Фолксваген најголем дел од овие 23 милијарди долари доаѓаат од маркетингот. Во 60-те и понатаму, ДДБ имаше дузини одлични егзекуции. Освен првичните кампањи, во последно време Германците не засмеваа и ја зголемуваа нашата љубов кон брендот со реклами како онаа со малиот Дарт Вејдер, правејќи да се чувствуваме убаво за нивните автомобили и луѓето кои ги возат.

За жал, повеќе не го чувствуваме ова за луѓето кои ги прават овие автомобили," пишува Едвард Бош во Адвик.

Целиот досегашен успех на германскиот авто-производител се урна по признанието дека тие со години ги лажеле своите вработени, дилери и муштерии.

"Овој одвратен акт те тера да размислиш дали воопшто можеш да им веруваш на сензорите и на софтверот во нивните автомобили. Дали стварно ни требаат нови кочници неколку денови по истекот на гаранцијата?

Сум поседувал неколку Фолксвагени. Сум ги купувал колку заради рекламите, толку и заради автомобилите. Нивните реклами правеа да се чувствувам убаво за брендот, за автомобилот и за самиот себе.

И како и секој што некогаш работел во маркетинг индустријата, сум се воодушевувал од нивната работа, па дури сум бил и љубоморен на агенциите и креативците кои го правеле ова.

Денес, ги жалам овие луѓе. Тие можеби не претрпеа толкава штета како муштериите кои гледаат како се топи вредноста на нивните автомобили или на дилерите кои веројатно ќе минат низ тешки времиња, ама и тие изгубија нешто.

Како и вредноста на добрата воља, колку и да е недопирлива, така и секое чувство на гордост и достигнување што креативците го чувствувале затоа што се дел од маркетинг наследството на Фолксваген, сега има дамка на него - како и лимонот Буба од 1961-ва," пишува Бош.

30 септември 2015 - 12:01