Директор за сите пари

Ако Тим Кук од Епл е најплатениот директор во Америка, и заработил околу 300 милиони долари повеќе од второпласираниот, директорот на Оракл, кој заработи 70 милиони долари, тогаш колкава е платата на Кук?

За минатата година Кук ќе заработи 376,2 милиони долари, од кои само 900.000 долари се плата, додека сите други пари се бонусот во акции што тој го доби за тоа што прифати да биде директор на Епл.

Откако Кук дојде на оваа позиција, Епл пушти два производа кои ги кренаа акциите на компанијата над вредноста на акциите на Ексон Мобил, со што стана најскапа компанија на берзата. Сепак најголемата забелешка е што и новиот Ајфон и новиот Ајпад се оставштина на Џобс.

Она на што Кук ги заработи своите пари, е начинот на кој успеа да го извади Епл од скандалот со Фокскон и лошо платените работници. Од речиси мат ситуација, Епл излезе со најдобриот можен ПиАр. Кук даде неколку изјави без да изгледа дека премногу се брани, а потоа за разлика од неговиот претходник и во живо ги посети работниците на Фокскон.

За следната фискална година Кук нема да може да се надева на истите пари, бидејќи ова ќе биде последната компензација од Епл за Кук во следните 10 години.

23 мај 2012 - 12:26