Богатите никогаш побогати

Бил Гејтс 20-та година по ред е најбогатиот човек во Америка и годинава успева да ја врати титулата најбогат во свет, а меѓу топ 10-те богаташи 6 се браќа и сестри кои меѓу себе делат над 210 милијарди долари.

5 години по финансиската криза која предизвика пад на нивното богатство, најбогатите луѓе успеале да ги вратат сите пари што ги изгубија во овој период. 400-те најбогати Американци од минатата година до сега успеале да го зголемат своето богатство за 300 милијарди долари.

Просечна вредност на членовите на топ 400 е 5 милијарди долари, или 800 милиони долари повеќе од пред една година.Минималната сума потребна за да те има на листата на топ 400 луѓе е 1,3 милијарди долари. Последен пат границата била толку висока во 2007-ма и 2008-ма пред крахот на берзата и на светската економија.

Само 34 луѓе успеале годинава да станат посиромашни отколку во 2012-та, и да излезат од топ 400-те.

листата

16 септември 2013 - 16:38