Берзата ги изгоре милијардерите

Ние во вторник пуштавме нов сајт, 20-те најбогати луѓе на светот во вторник на берза изгубија над 10 милијарди долари.

Ние во вторник пуштавме нов сајт, 20-те најбогати луѓе на светот во вторник на берза изгубија над 10 милијарди долари.

Загубата од 11,3 милијарди долари се должи на падот на индексот на американската берза предизвикан од најавата за успорување на економскиот раст на Еврозоната.

Од овие 20, меѓу оние што добро пројдоа е Ворен Бафет, со загуба од околу 407 милиони долари. По ова, на човекот му останува резерва од уште 44 милијарди.

Веројатно најлошо минаа европските милијардери Бернард Арно и Амансио Ортега, кои изгубија по 1,2 милијарди долари.  Загубата на Арно се должи на падот на акциите на LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton на париската берза за 3,1%.

Претседателот на АрцелорМитал, Лакшми Митал, вторникот го заврши со минус од 918 милиони долари, со што неговото вкупно богатство се намали за 4% на 22,3 милијарди долари. Ова значеше и директно излегување на Митал од клубот 20 најбогати луѓе на светот. Сега на неговото место со 22,5 милијарди долари е сопственикот на Фереро, Мишел Фереро.

Меѓу "загубарите" е и првиот човек на казино операторот Las Vegas Sands, Шелдон Аделсон, чие богатство за еден ден падна за 765 милиони долари.

Меѓу технолошките милијардери најголем минус имаше осоновачот на Оракл, Лари Елисон, кој загуби 385,7 милиони долари.