Агенцијата што знае како да се испромовира

Целта на маркетинг агенциите е да рекламираат работи, ама без разлика колку се добри во промовирањето на другите, ним најчесто тешко им оди да се изрекламираат себе си.

Наспроти многу големи имиња, стои агенцијата john st. од Торонто. Луѓето се комплетно свесни за својата позиција, ама во исто време имаат и доволно познавање од индустријата, па почнуваат ова да го користат за промовирање.

"Трикот што го користат се повеќе и повеќе агенции се вика 'експериментален' адвертајзинг, односно SHOCKvertising, STUNTvertising, PRANKvertising. Ова моментално е популарно бидејќи со нивна помош агенциите го добиваат вниманието што го бараат," објаснува Марк Дафи од Вајс.

John st. го зема овој тренд и прави феноменална пародија од него за свои потреби. Тие го снимаат видеото за ExFEARinetial адвертајзинг, кое на агенцијата и ја донесе канадската награда за Агенција на годината.

Минатата година john st. ја обработи опседнатоста на маркетинг индустријата со виралност, креирајќи го сервисот "Buyral," кој ги претвораше видеата во вирални, без потреба од публика.

Во 2011-та, тие ја отворија првата агенција за Catvertising.

Според Ангус Такер, партнерот / ко-креативен директор на агенцијата, со секое вакво видео тие се обидуваат да направат две работи: да го направат забавно и тоа да биде некаков коментар на актуелните трендови во маркетингот. "И потоа се обидуваме да го направиме супер сериозно."

14 ноември 2013 - 16:50