Заштитен, како фармацевт во Грција

Од сите работни места кои ѝ недостасуваат, Грција има една професија на претек - фармацевти. Речиси дупло повеќе од која било друга држава на ЕУ. И на сите одлично им оди.

На 100.000 жители, Грците имаат 97,26 фармацевти, на второ место со 55,98 фармацевти на 100К е Бугарија. На сосема другата страна од листата е Данска, со 17 пати помалку фармацевти од Грците, само 5,68.

Плевата од фармацевти е заради збирот на закони околу аптеките. Прво во Грција државата ги одредува цените на лековите без рецепта (аспирин и сл.), второ, лековите можат да се продаваат само во аптека, трето, аптека може да отвори само дипломиран фармацевт, а секој фармацевт смее да поседува само една. На секои три вработени во аптека, мора да има еден фармацевт. На сето ова државата одредува каде може да се отвори аптека, во зависност од бројноста на популацијата и оддалеченоста.

Комбинацијата од сите овие работи прави грчките фармацевти да имаат најголеми маржи на ниво на ЕУ, околу 4% повеќе отколку во остатокот од Унијата.

Ваквиот распоред на работите не и се допаѓа на Тројката (ММФ, Европска централна банка и Европска комисија), која бара промена на целиот систем. Прво тие сакаат да се олесни продажбата на лекови без рецепт и второ да се дозволи тие да се продаваат и на други места, како супермаркети.

Теоријата зад барањето на Тројката е дека поголема конкуренција ќе ги намали цените, ова ќе ја зголеми продажбата и ќе и помогне на економијата.

Проблемот е што Грците ова барање инстантно го дочекаа со штрајк и со предупредувања дека промените ќе затворат 11.000 аптеки. Уште поголемиот проблем за Грците е што предлогот со аптеките е сосема мал дел од 329-те реформи кои ОЕСР им ги предложи на Грците.

18 март 2014 - 09:21