Нели требаше да биде обратно?

Западен Балкан стигна во Европа

Во Европската унија лани легално се доселиле 228.000 граѓани на земјите од западен Балкан - Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Косово. Од ослободената, нормализирана и блескава Македонија е бежанија поголема од она од Босна, Србија, Косово или Црна Гора.

според податоци на Еуростат, во 2018 година, од Албанија во ЕУ се преселиле 62.000 граѓани што е 2,2 процента од вкупната популација на таа земја.

Од Македонија заминале 2,1% од населението (24,3 илјади), Босна останала без 1,5% (53,5 илјади), Србија без 1,3% (51 илјада) е Црна Гора е помала за 0,5 проценти (само три илјади луѓе заминале во ЕУ).

Според податоците на Еуростат на кои се повикува Бука, бившите луѓе на западен Балкан најмногу сакаат да се отселуваат во Германија. Таму лани имаат дојдено 19.000 косовари, 16.000 луѓе од БиХ, 11,5 илјади души од Македонија и 1,5 илјади од Црна Гора.

Граѓаните на Албанија најчесто одат во Италија, лани ги имало 23 илјади.

19 август 2019 - 13:45