Сестринство - единство

Некогашното братство - и единство кое царуваше на овие простори го оживеаа жени и тоа  од порно светот. Под режисерско водство на еден Словенец, снимен е порно филм во кој немирни извиднички глумат словенечки, хрватски и српски порно глумици. Исто како и на АВНОЈ, нас не нема.

Режисер е Макс Модич, екипата снимала три дена во близина на Шкофја Лока а филмот е насловен "Одиме по својот пат," што е многу нефер кон другарот Тито на кого му се колневме во спротивното.

Хрватските претставнички Alexa Wild, Tina Blade и Santana Blue се нашле во клинч со Србинките Cherry Kiss и La Toya а асистирала словенечката порно и риалити ѕвезда Уршка Чепин.

- Ќе видите пози кои во 99 посто од случаите не би ги пробале во вистинскиот живот бидејќи се доста тешки и бараат професионални вештини, изјави Чери Кис за еден словенечки портал.

24 август 2012 - 10:38